„Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривични пријави против членовите на ДИК

by Fokus

Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, поднесе кривични пријави против претседателот на Државната изборна комисија, Oливер Деркоски и останатите членови.

Причина за пријавата е поради тоа што на гласачкото ливче, наместо официјалното поднесено и прифатено име на коалицијата, стоело име на политичката партија „Единствена Македонија“.

„Со наведувањето на името на само една политичка партија, наместо на целата коалиција, избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа коалиција која ја сочинуваат неколку субјекти (партијата Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерани на ВМРО 1990) со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите како и измама на избирачите, сé со цел да не гласат за реален учесник на изборите“, објаснуваат од „Никогаш северна, само Македонија“.

Поврзани новости