565
Во Скопје се појави уште еден споменик на кој повеќето од граѓаните му посветија големо внимание. Од пладнево во центарот на Скопје никна „Споменик на Дијазeпамот“, со кој се покажува дека народот е незадоволен од моменталната ситуација во државата и времето го поминува во пиење антидепресиви.
– Потрошувачката на антидепресиви, во 2013 година, во однос на 2010 во Македонија се зголемила за над 1,6 милиони реализирани рецепти, односно за околу 30 отсто, покажала анализата на податоците на Фондот за здравствено осигурување – пишува на ливчето поставено на „споменикот“.