49
Поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли се повлекува од кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, пишува „Волстрит џурнал“.
Таа планира да има кратко обраќање пред печатот во Чарлстон, Јужна Каролина, околу 10 часот по локално време, каде што ќе ја соопшти одлуката, пишува американскиот весник.
Одлуката за прекин на кампањата доаѓа откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа победи на непартиските избори во 14 од 15 сојузни држави на САД.
Ники Хејли победи само во Вермонт, а досега оствари победа уште само во Вашингтон, во сојузната област Колумбија.