Никакви лажирани анкети не го спасуваат Мицкоски, велат од СДСМ

by Fokus

Очаен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ со нарачани и лажирани анкети да го храбри Христијан Мицкоски во своите дестурктивни чекори и блокади, се вели во денешната реакција на СДСМ, во однос на претходно објавената анкета на ИПИС, според која доколку утре има парламентарни избори 21,2 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДМНЕ, додека 16,2 отсто би се одлучиле за СДСМ.

„Лажирани анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатите 6 месеци, ниту пак криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа агенција и во 2020 година предидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи, напротив. Предвидувањата им беа неточни, ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори доживеа пораз“, реагираа од владејачката партија.

Поврзани новости