Нигериските паравоени сили упаднаа на роденденска забава и уапсија 76 хомосексуалци

by Fokus

Нигериски паравоени сили вчера уапсиле 76 лица за присуство на роденден за хомосексуалци во северна Нигерија. Тие соопштија дека организаторот планирал да одржи и истополова свадбса, што е нелегално.

Хомосексуалноста во Нигерија се смета за општествено неприфатлива, како и во повеќето делови на Африка, а во 2014 година во таа земја стапи на сила законот против хомосексуалците и покрај осудата на меѓународната заедница.

Портпаролот на нигерискиот корпус за безбедност и цивилна одбрана (NSCDC), Бухари Саад, рече дека во саботата вечерта по дојава агенцијата извршила рација на забава на која присуствувале „хомосексуалци и макроа“.

Тој рече дека биле уапсени 59 мажи, од кои 21 признале дека се хомосексуалци и 17 жени. Од агенцијата тврдат дека организаторот на роденденската забава исто така планирал да се омажи за друг маж, кој моментално е во бегство.

Законот против хомосексуалците во најнаселената африканска нација предвидува казна до 14 години затвор, иако уапсените можат да бидат ослободени со кауција и забранува геј бракови, истополови врски и членство во групи за правата на хомосексуалците.

Поврзани новости