Најмалку 85 лица загинаа, меѓу кои и деца, а 66 се повредени во напад со дрон на верски собир во Нигерија по грешка, соопштија денеска властите.
Претседателот на Нигерија Бола Тинубује нареди истрага за најновиот гаф на војската во конфликтните зони.
Сепак, ваквите истраги често се обвиткани во тајност и нивните исходи никогаш не се познати.
„Телата на 85-те загинати се закопани додека истрагата се уште е во тек“, се вели во соопштението на нигериската Национална агенција за управување со вонредни состојби (НЕМА).
Нападот се случил за време на прославата на роденденот на муслиманскиот пророк Мухамед. Посетителите на прославата во селото Тудун Бири во неделата вечерта по грешка биле нападнати со беспилотни летала, наместо да ги нападнат терористите.
Нигериската војска често изведува воздушни напади за борба против екстремистичкото насилство и бунтовничките напади кои ја дестабилизираа северна Нигерија повеќе од една деценија, често оставајќи цивилни жртви зад нив.
Од 2017 година, околу 400 цивили се убиени во воздушни напади за кои војската соопшти дека целеле вооружени групи во смртоносната безбедносна криза на северот на земјата.