672
Запрашан за вчерашното свечено отворање на споменикот на УЧК во Липково, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на прес конференција даде само краток коментар.
„Вчерашното случување во Липково не беше партиска активност. Јас сум информиран дека општинските власти ги имаат запазено сите процедури за тоа спомен обележје. Ние бевме гости кај градоначалникот и не гледам ништо спорно таму“, рече Османи.