„Ние сме партија која не краде, не лаже и не манипулира“ вели Арсовска

by Fokus

Корупцијата е најголемата болка на граѓаните, потребно е справување со криминалот, злоупотребата, работа на стратешките ресурси да се вратат на државата во интерес на граѓаните и за тоа ќе се залага нејзината партија, вели во Студио 10 градоначалничката Данела Арсовска од Нова Алтернатива.

– Анкетите се плашат да не стават на листата, еднаш не ставија, добро поминавме и откако видоа дека котираме, и кога видоа дека имаме потенцијал, повеќе не не ставија. Ние сме политичка опција која не краде, не лаже, не манипулира и нема финансиски сретства за вакви кампањи. Стравот е голем, пораснвме на неколку илјадници гласови. Се манипулира со политичката сцена и не им се дава на граѓаните реално да оценат и да го дадат својот глас. Најдобра анкета ни е од граѓаните и јас сум секој ден на терен со нив и им реализирам проекти. Тоа е најдобриот начин како да има ефект дека се реализира она што ќе им го ветите – рече Арсовска.

Поврзани новости