Ние сме многу и не се плашиме – порачаа од бугарскиот центар „Иван Михајлов” во Битола

by fokus

Рехабилитација и просветлување на ликот и делото на Иван Михајлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија-е она што е наведено во описот на официјалната Фејсбук страница на конторверзниот Културен центар ,,Иван Михајлов” во Битола.

Центарот е основан во мај 2019 година, негов прв човек е битолчанец по име Љупчо Георгиевски (44), а страницата има над 5.400 следбеници.
Минатата година центарот се најде во вниманието на јавноста, откако од таму било испратено писмо до бугарскиот државен врв, во кое членовите се жалат на бугарофобија, и дека на граѓаните кои се декларираат како етнички Бугари во Македонија им се оспорува правото на самоопределување.

Кон крајот на март лани, битолчанецот кој е претседател на центарот, за прв пат се појави во јавност. Гостуваше во бугарска телевизија и кажа дека не е лесно да бидеш Бугарин во Македонија.

-Роден сум во поранешна Југославија која не убедуваше дека сме Македонци. И прифативме дека сме Македонци, а Бугарија дека е место за одмор. Колку повеќе си заинтересиран и читаш, разбираш дека си Бугарин – изјави Георгиевски. Исто така, тогаш кажа дека нема бугарско државјанство, туку само документ со бугарско потекло.

По отворањето на клубот на Бугарите во Битола завчера, на кое присуствуваше бугарскиот премиер Кирил Петков и бугарска делегација, на страницата на центарот Иван Михајлов, е објавена реакција поради граѓаните кои се појавија со транспаренти против бугарските политики, но порака дека не ги плашат и нема да ги спречат.

-Вчера старите југословенски комунистички замбити од соседното битолско село беа организирани и донесени од агентите на Виктор Димовски да веат навредливи транспаренти на кои пишуваше дека рацете на бугарската делегација се „крвави“!!!
Се разбира – и дека Бугарите биле фашисти!!!
Но, тоа веќе болно го знаеме од судењата низ кои поминаа илјадници и илјадници македонски патриоти во последните децении под обвинение дека се фашисти затоа што не го криеја своето бугарско достоинство и омраза кон југословенскиот окупатор. И така вчера повторно ги видовме, истите полуживи соработници на југословенскиот режим.

Целта на скандалот беше да се засени фактот дека стотици македонски Бугари дојдоа да ја видат бугарската делегација и особено официјално да го отворат клубот кој со гордост го носи името на легендарниот водач на вистинската историска ВМРО – ИВАН МИХАЈЛОВ, наследникот на Гоце, Даме и на Тодор Александров.

Но, ништо не успеа да го исплаши мнозинството македонски патриоти, кои дојдоа да покажат дека и покрај манипулацијата со пописот, и покрај лажните податоци од него, ние сме многу. И ние не се плашиме. Несомнено, денес, како и Путин, кој жртвите на неговата криминална агресија ги прогласува за „фашисти“, и сè уште живите делови од југословенската сатрапија во нашата Македонија (сега „Северна“) го дефинираат како фашизам неизбежното враќање на бугарскиот идентитет во Битола, Охрид, Велес, Штип… во сета наша напатена Македонија.

Оваа коинциденција во политичкиот речник на изложувачите од поранешните советски и бивши Југославија не е ниту случајна ниту изненадувачка. Тие се браќа по оружје и браќа за криминал.

Како што Путин ги создаде Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република во окупираниот Донбас, така и Тито ја создаде Македонската Народна Република во нашата окупирана татковина. Излагачите на двата режима денеска извикуваат обвинувања за „фашизам“ – југословенските пензионери – против македонските Бугари, руските окупатори – против украинските патриоти.

Не нè плашете и нема да не спречите! Ги сакаме нашите права – Бугарите во Уставот, Историската вистина – во учебниците – објавија од центарот ,,Иван Михајлов”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости