650
Ние сме најголемите пријатели на Северна Македонија. Кого поблизок имаат од Србија? Ние сме единствените кои не бараме од нив да си го сменат името, јазикот, барањата или што било друго, истакна денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Не бараме ние ништо од нив, само да бидеме пријатели и браќа. Како можам да бидам изненаден. Го сакаме македонскиот народ. Што бараме од нив? Ништо. Освен да се биде во најдобри можни односи. Само да бидеме пријатели и браќа“, истакна Вучиќ.