Ни трага ни глас од Болсонаро после поразот на изборите

by Fokus

Бразил нестрпливо го очекува признавањето на поразот на претседателот Жаир Болсонаро, кој допрва треба да се огласи откако Луис Игнасио Лула да Силва прогласи победа на претседателските избори.

По поразот на изборите со мала разлика (50,9 отсто наспроти 49,1 отсто), претседателот во заминување, кој ја напушта функцијата на 1 јануари, не даде никакви најави од неговата официјална резиденција во Алворадо, Бразилија. Тој утрово без коментар дојде во палатата Планалто, во претседателскиот кабинет.

Молкот, за кој Лула рече дека го загрижува, потсети многу Бразилци дека Болсонаро постојано се заканувал дека нема да го признае изборниот резултат доколку изгуби. Таквата атмосфера на неизвесност се одрази на и на берзата во Сао Паоло.

Исто така, загрижувачки е тоа што поддржувачите на Болсонаро, многумина носеа симболи на крајната десница, ги блокираа главните патишта во најмалку единаесет бразилски држави.

Барикади од запалени гуми и возила беа поставени на главните патишта во Мато Гросо, на запад, рече концесионерот Рота Оесте, кој управува со автопатот во земјоделската држава пријателска на Болсонаро, како и патишта во Парана и Санта Катарина, исто така упоришта на претседателот во заминување.

Блокиран е и автопатот што го поврзува Рио де Жанеиро со Сао Паоло, на југоисток, а не се знае дали блокадата е спонтана или организирана од политичка групација.

Поврзани новости