Ни Мицкоски не беше на гробот на Делчев, промовираше улици во Карбинци

by fokus

Ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски не се поклони на гробот на Гоце Делчев по повод годишнината од неговата смрт.

Мицкоски денеска промовираше улици во Карбинци и имаше средба со амбасадорот на Финска во Македонија, Кимо Лахдевирта.

На Фејсбук напиша „119 години од убиството на Апостолот на македонската национална борба за слобода. Човекот кој беше пред времето и го даде животот за Македонија“.

Само претседателот на државата, Стево Пендаровски од сите претставници од државниот врв денеска отиде на гробот на Гоце Делчев и му се поклони по повод годишнината од неговата смрт.

Премиерот Димитар Ковачевски не беше дел од владината делегација која положи цвеќе.

Поврзани новости