Ако ДИК не ги прифатеше приговорите на ВМРО-ДПМНЕ требаше со молотови коктели да упаднеме во седиштето, сведочеше Младеновски

by Fokus

Во Кривичниот суд денеска сведочеше Стефан Младеновски, еден од 33-цата обвинети за настаните од Крвавиот четврток.

Тој твдрдел дека на парламентарните избори во декември 2016, кога ги чекале резултатите во прес-салата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, од Дејан Димковски – Боксер, вработен во УБК, им било кажано дека нема да се дозволи СДСМ и ДУИ да формираат владина коалиција.

Понатаму зборуваше и за тоа како биле организирани протестите пред ДИК кога се одлучувало за приговорите на партиите во врска со изборите.

„Нинџа ни соопшти дека ќе има протести пред ДИК и ако не бидат прифатени приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во седиштето. Пред седиштето беше донесен и ранец со молотови коктели. Беше во една во грмушките”, истакна Младеновски.

Поврзани новости