Општинската манифестација Велешка Питијада, која ќе се одржи од 11-ти до 13-ти октомври во Велес, годинава ќе има повеќе музички гости кои ќе ги забавуваат присутните.
Како специјални гости се најавени С.А.Р.С., концерт ќе одржи и Саша Ковачевиќ, а доаѓаат и повеќе музичари од земјава.
Од домашната музичка сцена ќе настапат Слаткар, Елена Ристеска, Суперхикс, Мики Секуловски…
Минатиот месец на социјалните мрежи, на страница насловена Велешка Питијада, беше објавена анкета за граѓаните, на тема кои музичари треба да настапат на манифестацијата.
Најголем број од граѓаните гласале тоа да биде Аца Лукас, потоа Цеца и Дино Мерлин, а најмалку гласови добиле Јелена Карлеуша, Десингерица и Сека Алексиќ.
Тогаш за ,,Фокус” велешкиот градоначалник Марко Колев изјави дека станува збор за лажна страница, која нема никаква поврзаност со општината, и кажа дека на Питијадата ќе дојдат урбани музичари.
Настанот е најавен како гурманска симфонија од вкусови во Велес.
Вики Клинчарова