Разговараше: Ирена МУЛАЧКА
ФОКУС: Повеќе од еден месец, јавното обвинителство води предистражна постапка за случајот „Онкологија“. Може ли да ни кажете што откривте?
ГОГОВСКА-ЈАКИМОВСКА: Предметот е оформен врз основа на вашите новинарски истражувања и не е резултат на претходни криминалистички проверки. Новинарските истражувања даваа индиции за повеќе различни кривични дела на Клиниката за онкологија, вршени во подолг временски период и со можност за вклученост на поголем број лица.
ФОКУС: Што конкретно презедовте?
ГОГОВСКА-ЈАКИМОВСКА: Прва задача на обвинителството беше да се заштитат, да се обезбедат доказите и да се спречи нивно евентуално уништување по објавата на новинарските истражувања на оваа тема. Она што можам да го кажам е дека најголемиот дел од доказите се веќе обезбедени, во тек се вештачења и анализи на компјутерски податоци, на голем број медицински досиеја за третман на пациенти, а се вршат и распити на сите лица што можат со своите сознанија да ѝ помогнат на истрагата.
ФОКУС: Кои се вклучени во тимот заедно со вас?
ГОГОВСКА-ЈАКИМОВСКА: Во предистражните дејствија целосно е вклучен целиот истражен центар на ОЈО Скопје, кој презема голем број дејствија за анализа на доказите. Во јавнообвинителскиот тим, покрај мене е уште една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство Скопје, со огромна поддршка и од основниот јавен обвинител, но и од други колеги во обвинителството.
Во рамките на надлежностите, како орган надлежен за откривање на кривичните дела, постапува и Министерството за внатрешни работи. Единицата за финансиски истраги, по наредба на јавниот обвинител, е задолжена да отпочне финансиска истрага за повеќе лица.
Освен тоа, во постапката директно ги вклучивме ревизорите од Државниот завод за ревизија и стручни лица од Фондот за здравствено осигурување. Се формираше и тим од стручни лица, кои од една страна го анализираат материјално-финансиското работење на Клиниката, а од друга страна помагаат и во анализа на медицинските истории на пациентите.
Целиот текст прочитајте во неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.