ДСЗИ досега немало никаков надзор на Кардиохирургија, каде е разрешен Јовев

by Fokus

По вчерашното разрешување на раководителот на Кардиохирургија, професор д-р. Сашко Јовев во јавноста се крена лавина негативни реакции против актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити, кој екпресно ја донесе оваа одлука.

Целата лекарска фела, но и јавноста е шокирана од првичната изјава на ресорниот министер, кој тврдеше дека доктор Јовев е неработник, дека десет години седел и ништо не направил, што е спротивно на сите успешни разултати, кои ги има кардохирургот во својата област.

За да вечерта во гостувањето на ТВ24, Меџити повторно го смени ставот и истакна дека го разрешил поради злоупотреба на работното време.

„ Во стручноста на професорот Јовев, не навлегувам, ова е менаџирање на клиниката. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето.

 

Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Нема да дозволиме такви директори, рече Меџити.

Меѓутоа, „Фокус“ се обрати и до актуелната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска која ни потврди дека досега тие не правеле никаков надзор на Кардиохирургија.

„Досега ние како ДСЗИ не сме правеле никаков надзор на Кардиохирургија, ниту пак досега имало таква потреба. Откако сум јас директорка до нас немало никаква претставка за работата на Кардиохирургија.

 

До ДСЗИ не е доставен налог од министерот за здрвство за вршење на вонреден инспекциски надзор во Клиника за кардиохирургија. Секако дека се вршеле редовни надзори“  истакна во изјава за „Фокус“,Младеновска.

Како што вчера објави „Фокус“, доктор Јовев добил образложение дека се разрешува бидејќи не го послушал актуелниот министер во однос на дежурствата, поточно дека не требало да дежура, иако на тој начин им помага на помладите колеги.

„Пред една недела отворавме хибридна сала и слободно можам да кажам дека е единствена ваква во регионот. Меѓутоа, на самиот настан требаше да присуствуваат премиерот Димитар Ковачаевски и министерот Меџити.

 

Двајцата кажаа различни термини на кои им одговара денот кога да се официјално пушти во употреба хибридната сала, но премиерот инсистираше на одреден датум со оглед на бројните активности што ги има. , тврди доктор Јовев за „Фокус“.

Доктор Јовев долги години управува со кардохирургија и  еден од наградуваните лекари.

Тој лани беше меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес во држвата.

Преходно ја доби наградата  за животно дело „Гемиџиите“ на Општина Велес, а беше и дел од тмиот наградени со „13 Ноември“ на Град Скопје.

Првата трансплантација на срце беше изведена на 23 мај 2020, оттогаш има изведено вкупно осум пресадувања на срце.

Ирена Мулачка

Поврзани новости