Анкетите покажуваат дека СДСМ/Беса и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат скоро израмнети во пратеничките мандати кои ќе ги освојат, а ДУИ има мала предност во однос на АА/Алтернатива, вели за Фокус политичкиот аналитичар Џелал Незири.
-Ако навистина излезе ваков резултат, тогаш ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да можат да формираат влада без ДУИ. Но, изборите во Хрватска покажаа дека анкетите можат да бидат грубо демантирани на денот на изборите. Или за локалните избори во 2017 година, кога анкетите предвидуваа мртва трка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но резултатите покажаа дека СДСМ ги освои скоро сите општини во земјава – вели Незири.
Но, тој очекува изненадувања или неочекувани резултати заради, како што вели, динамичната кампања и менувањето на односот гласач-партија. Неговата изјава во целост ќе биде објавена во следниот број на неделникот Фокус.
В.С.