Незири не учествувал во инцидентот во М-НАВ, се се случило зад неговиот грб, вели неговиот адвокат

by Fokus

Беким Незири не учествувал во инцидентот во Македонска навигација и немал апсолутно никаков придонес во случајот, целиот настан се случил зад неговиот грб, вели неговиот адвокат Еленко Миланов.

Според Миланов, не е точно дека инцидентот се случил во кулата за контрола на летање, ниту пак дека биле нападнати контролори кои во моментот работеле.

„Во овој настан ниту има нешто што се случило во контролната структура, ниту има нешто што се случува во близина на таа контролна кула, ниту, пак, со лице коешто во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи оваа фама и разногласие“, изјави Миланов од пред Кривичниот суд.

Тој објасни дека со денешното појавување пред судот, Незири покажува дека нема намера да бега, туку дека сака да докаже што точно се случило во М-НАВ.

„Беким се јави во рок од половина на час на поканата на МВР, ги даде сите свои наоди, и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека нема намера да бега, туку сака да докаже што стварно се има случено, во коешто тој нема никаков допринос затоашто тој настан се случува зад неговиот грб од други лица ниту пак со лице кое влага со него во зградата на М-НАВ“, рече адвокатот Миланов.

Поврзани новости