Џелал Незири од СКУП во интервју за „Утрински брифинг“ смета дека процесот за формирање на Влада ќе трае подолго. Според него, тоа е поради неконтактирањето на тие за кои се очекува да состават Влада.
„Мислам дека ДУИ повеќе би претпочитал коалиција со СДСМ наместо со другите партии. Суетите, конфликтот меѓу Заев и Ахмети премина на лична основа, можеби ќе се договорат ниту Зибери, ниту Заев, туку може да се договарат за некој трет. Веројатно ДУИ може да оди со ултиматум до крај па ако не биде Зибери да не биде ниту Заев. Ако СДСМ и ДУИ не успеат да создадат влада, тогаш веројатно мандатот ќе премине на втората партија. Дали ВМРО и ДУИ би успеале, дали ВМРО ќе може со другите албански партии плус Левица и ДПА да се договори…ќе видиме. Ќе има многу преговарање, затоа велам целиот процес ќе трае подолго“, изјави Незири за Утрински брифинг.