Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ амандманите кои ќе ги поднесат за предлог законот за Јавно обвинителство ќе бидат во насока „бомбите“ да не се користат како докази во судските постапки туку како индиции.
Пратеничката Нола Исајловска вечерва во емисијата „24 Отворено“ не сакаше да ги обелодени амандманите што ќе ги поднесат, но рече дека според нејзе, правично решение би било „бомбите“ да се користат како индиции, а не докази.
-Се обидуваме да најдеме решение како не би биле злоупотребени во ниедна судска постапка овие нелегално стекнати материјали. Законот за СЈО беше од времен карактер, а тука е Законот за кривична постапка кој треба да се почитува“, рече Исмајловска.
За донесување на Законот потребни се 80 гласа, а за гласањето се преговара со овие пратеници, а една од пратеничките од оваа пратеничка група, Елизабета Канческа Милевска е обвинета во еден од случаите на СЈО. Опозицијата бара законот да го го изготват експерти од правниот факултет, додека власта притиска законот да се донесе што побрзо.