Независниот синдикат за здравствени работници порачува: Нервозните пациенти да ги остават пиштолите и ножевите дома!

by Fokus

Независниот синдикат на здравствени работници, експресно, енергично и остро реагира во јавноста за настанот во ГОБ „8-ми Септември“, напад со нож врз здравствен работник, се вели во објава на социјалните мрежи.

Оттаму порачуваат „преку јавните гласила портали, социјални мрежи,ТВ и новинарски куќи, на насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила, и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми“.

„Директорите на ЈЗУ преку физичкото и мониторинг обезбедување, бараме зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции“ велат од НСЗР.

Инаку, во Градската општа болница „8 Септември“ синоќа се случил инцидент, откако вработен во болницата нападнат од страна на пациент.

„Вечерва во 19.47 часот од ГОБ “8 Септември” е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата“ соопштија од МВР.

 

Поврзани новости