1.1K
Независниот синдикат на полицијата денеска објави дека во завршна фаза се преговорите за вакцинирање на полицајци во Република Србија.
-Ве известуваме дека Независниот Синдикат на Полицијата, во соработка со збратимените синдикати од Р. Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП. Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе Ве известиме, соопштија од Синдикатот.