382
Независниот полициски синдикат бара на полициските склужбеници кои доаѓаат во Скопје веќе неколку недели, поради нивно ангажирање на протестите, да им се платат дополнителните работни часови. Од Синдикатот додаваат дека полицајците престојуваат во касарни со месеци а за тоа ја добиваат само редовната плата.
Синдикатот ги обвинува началниците во МВР за запоставување во нивната работа и од министерот за внатрешни работи бара да најде волја за надминување на овие прекршоци кои им се прават на полицајците.
Од МВР кратко соопштија дека за забелешките на синдикатот ќе се произнесат во текот на следната недела.