Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да поднесе оставка!

by fokus

Независната ПГ на ВМРО-ДПМНЕ со длабоко чудење ја прими најавата на Христијан Мицкоски дека ќе и наложи на пратеничката  група да поднесе иницијатива за ратификација на протоколот за НАТО, со одложено дејство, велат оттаму.

„Таа истата пратеничка група на која и наложи да стои покрај ѕидот, кога отпочна постапката за додавање на географската одредница Северна на Република Македонија, што беше услов за отпочнување на процесот за влез во НАТО.

Христијан Мицкоски кој неколку пати го негира и потценува Јенс Столтенберг. Генералниот Секретар на НАТО дека промената на името е неопходна, сега ќе наложи пратениците да потпишат иницијатива за Северна Македонија да отпочне ратификација за членство во НАТО. Истите пратеници на кои пред само неколку дена им кажа дека не ги планира на идните пратенички листи. Потценувањето на суверенитетот на нивната особност е негов препознатчив стил, па во нивно име одлучува тој.

Лицемерието на Христијан Мицкоски го достигнува зенитот. Тој кој пред ниедна важна одлука нема јасен став сега сака искористувајќи други луѓе да креира слика дека НАТО му е многу важно. НАТО ќе беше невозможно без нашата лична одговорност и храброст да ги почитуваме постулатите за ЕУ и НАТО, но притоа соочувајќи се со терор поттикнат од лажни приказни кои тој ги креира. Нашиот живот е загрозен поради манипулацијата на Христијан Мицкоски со дел од членатвото на ВМРО-ДПМНЕ. Но, овие денови кога македонското знаме се вее во Лондон човекот се обидува да фати чекор.

Уште еднаш во стилот на „сичко добре“ со Борисов, можеби сега е на „неи“ на грчки, што значи ДА, го прифаќам преспанскиот договор ама ги лажам граѓаните за глас плус. После ова обезличување Мицкоски треба да си поднесе оставка“, додаваат од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости