Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Христијан Мицкоски, оди си!

by Fokus
Здраво. Ако може да се слушнеме.
Овие зборови не се некој наивен и збунет флерт на млади тинејџери, иако до вчера ако некаде ги прочитавме, тоа ќе ни беше првата помисла, велат од Независната претеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Христијан Мицкоски ИЗВИЧНИК е авторот на оваа порака, пазете насочена кон вработен во МВР, за истрага во која се утврдува дали ги прекршил препораките за заштита од Ковид 19.
Мицкоски вчера рече дека е точно дека пратил порака. За ова знаеме дека е вистина. Убаво освежување во неговото однесување.
Целата небулоза вчера отвори неколку прашања:
1. Дали Мицкоски сака да воспостави нова пракса во МВР и да ја претвори во кол центар каде секој ќе се јавува за својот случај или само демонстрираше дека тој е посебен, над другите и може да се јавува каде сака?
2. Зошто Министерот дал број на вработен на партиски лидер и дали ако некој граѓанин му се јави ќе добие број од некој кој му го води случајот? Дали за министерот, неговиот партиски шеф е над другите граѓани?
3. Дали ракавиците во случајот Теретана се од отсјајот, обоени или само се прекршени мерките за заштита од Ковид 19?
Ова однесување е само уште еден доказ дека Мицкоски треба да си оди. Признанието за неговото барање за побрзо решавање на случајот е охрабрување на секој еден да го бара истото, или нешто друго во други случаи.
Замислете каков хаос би било тоа.
Искрено се надеваме дека истрагата ќе покаже дека барем за ова прашање е искрен, но празната сала во 10:20 на така прометно место како Теретана наведува да мислиме поинаку. За жал. Ракавиците кои ги носат од обезбедувањето, прво ни се причиниле од отсјајот, сега биле обоени. Зошто омаловажување на министерот со вакви неискоординирани изјави и насоки да лаже?
Ова несериозно однесување не е адекватно за претседател на КИМ, па камоли за претседател на партија. Потценувањето на интелигенцијата на луѓето е опасен избор, а признавањето грешка би било храброст. Нé изненадува зашто претседателот не вежба во штабот, кога има одлична теретана. Оваа снимка кадешто е сам ,зборува само за потребата некој да се чувствува посебно дека се отвара само за него.
Тажно.
Понудата за јавно соочување, на медиум по твој избор и време по твој избор, со кој сакаш бидејќи ти имаш храброст да не спомнуваш само кога си сам, се уште е отворена. Ќе позборуваме и на тема: патриотизам“, се вели во реакцијата.

Поврзани новости