Независна советничка листа во Тетово

by fokus

Активисти од повеќе граѓански здруженија во Тетово денеска објавија дека ќе настапат на заедничката советничка листа на локалните избори.

-Ние сме луѓе од граѓански сектор, луѓе со различни професии. Знаеме во каква состојба се наоѓа нашето Тетово, колку е деградирано и ние сакаме да ги претставиме сите проблеми внатре во Советот на општина Тетово – изјави Хамди Сулејмани, граѓански активист.

Инаку, во иницијативата „Подобро за Тетово“ досега се вклучени 30 активисти на граѓански здруженија.

Поврзани новости