Независен полициски синдикат: Дисциплинска за полицаец кој отишол во тоалет за време на изборите

by fokus

Во МВР поведени се 250 дисциплински постапки против вработени, од кои 40 постапки се за полицајци во источна Македонија. Најбаналната диспиплинска постапка, како што објави независниот синдикат, е поведена против полицаец кој за време на изборите отишол во тоалет, вели Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот полициски синдикат.

– Лице кое морало да оди во тоалет за време на изборите, а имал покритие на работното место, сепак завршил на дисциплинска постапка, вели Тодев.

Против еден полициски служебник од СВР – Струмица се водат дури шест дисциплински постапки, а две од нив биле поништени во судска постапка, што според Тодев, докажува дека се работи за лоша проценка на претпоставените.

Од Синдикатот со посебен акт ќе го информираат и лично министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, бидејќи тој е потписник на решението за висината на казната које ќе ја добие службеникот против кој се води дисциплинската постапка.

 

Поврзани новости