Во МВР поведени се 250 дисциплински постапки против вработени, од кои 40 постапки се за полицајци во источна Македонија. Најбаналната диспиплинска постапка, како што објави независниот синдикат, е поведена против полицаец кој за време на изборите отишол во тоалет, вели Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот полициски синдикат.
– Лице кое морало да оди во тоалет за време на изборите, а имал покритие на работното место, сепак завршил на дисциплинска постапка, вели Тодев.
Против еден полициски служебник од СВР – Струмица се водат дури шест дисциплински постапки, а две од нив биле поништени во судска постапка, што според Тодев, докажува дека се работи за лоша проценка на претпоставените.
Од Синдикатот со посебен акт ќе го информираат и лично министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, бидејќи тој е потписник на решението за висината на казната које ќе ја добие службеникот против кој се води дисциплинската постапка.