533
Незапаметено тројно убиство ја потресе Америка. Татко на три момчиња на возраст од 3, 4 и 7 години ги построил и ги стрелал беспомошните деца.
Откако го уапсиле, тој признал дека го планирал ужасното злосторство, јавија американските медиуми.
Окружниот обвинител на округот, Клермонт Дејвид Гаст, изјави дека ова е најлошото злосторство што го видел во неговата кариера.
Тој рече дека 32-годишниот Чед Дорман ги наредил момчињата во нивниот дом и ги убил со пушка-сачмарка.
Едно од момчињата се обидело да избега, трчајќи низ полето во близина на куќата, но Дорман успеал да го стигне и да го фати и го вратил во домот, каде брутално го застрелал.
Полицајците кои дошле на местото на трагедијата се обиделе да ги спасат момчињата, но тие веќе биле мртви.