Незаконското разрешување на Дамева, нарушените меѓучовечки односи – дел од причините за оставките на двајцата членови на Судскиот совет

by fokus

Незаконското разрешување на екс претседателката, Весна Дамева и нарушените човечки односи во Судскиот совет се дел од причините кои ги наведоа судиите, Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски чии оставки денеска на седница ги констатираше Судскиот совет.

Судијката Стефкова која беше судија во Врхивниот суд рече дека во една неполна година додека била член имало моменти на разидување со одлуките на Советот.

Го спомена неизборот на судии во кривичниот оддел на Врховниот суд и изборот на судии гостиварска апелација кои според неа биле избрани без почитување на ранг листата и без образложение.

Потоа го наведе разрешувањето на Дамева, што било незаконско, која одлука потоа се стави вон сила без никакво образложение.

На крај ги спомена меѓучовечките односи кои се пречка за нормално функционирање.

Герасимовски се надоврза на колешката и рече дека ги прифаќа забелешките и додаде дека во овие девет месеци додека бил член имал идеолошки несогласувања, а последните превирања биле уште една причина да си замине.

Тој се враќа во Апелација, а Стефкова во Врховен суд. Сега почнува постапка за избор на нови членови од овие судови.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости