Незадоволни машиновозачи во Германија со најдолгиот штрајк досега

by Fokus

Германските машиновозачи утрово повторно не работат и ова ќе биде најдолгиот штрајк на германските железници во историјата.

Штрајкот, кој започна во 2 часот изутринава, а треба да трае до вечерта во понеделник на 29 јануари, е четвртиот круг индустриски акции во спорот меѓу синдикатот на машиновозачите GDL и железничкиот оператор Deutsche Bahn (DB).

Штрајкот дојде само две недели по претходниот прекин на работата, кој речиси целосно го парализираше железничкиот сообраќај во нацијата во период од три дена.

– Сметаме дека треба да се дојде на маса, мора да се најдат компромиси. Тоа е единствениот начин – изјави за новинарите портпаролот на Дојче Бан (ДБ), посочувајќи на „масовното влијание врз економијата“ од шестдневниот штрајк.

Водачот на ГДЛ, Клаус Везелски, за АРД изјави дека е подготвен на компромис во спорот за платите и работното време, но рече дека понудите на Дојче Бан не се доволни.

– Мора да штрајкуваме подолго и посилно бидејќи железничката управа е отпорна на совети – рече тој.

Поврзани новости