443
На социјалните мрежи почнаа да се појавуваат снимки и фотографии од повеќе градови во Америка каде незадоволни граѓани од изборот за претседател на Доналд Трамп излегуваат на улиците.
Стотици луѓе излегуваат на спонтани протести за да го изразат своето незадоволство од изборот на Трамп. На Универзитетот Калифорнија веќе неколку стотици студенти се собрани во знак на незадоволство, а бројот продолжува да се зголемува.