637
Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, кој е обвинет за поткуп на првото судско рочиште призна вина, при што веднаш беше изречена и пресуда.
Тој доби условна затворска казна од една година, доколку во рок од две години не стори ново кривично дело. Чапаровски, исто така според пресудата во наредните две години не може да биде избран за директор.
Екс директорот на 30 мај беше уапсен по пријава на граѓанин, односно тој пријавил во полиција дека му побарал 1.000 евра за издавање на потврда со која неговото малолетно дете требало да замине на лекување во странство. При претресот во неговата канцеларијата и домот на директорот Чапаровски била пронајдена поголема сума на пари, над 30.000 евра.