157
Два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ се без напон поради што дел од Скопје е без електрична енергија, соопштија од Електродистрибуција.
Сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето попладнево во Скопје, поради што засилени екипи на Електродистрибуција се на терен за да го нормализираат снабдувањето со електрична енргија.
По невремето, =то го зафати Скопје, корисниците добија струја, но по кратко време снабдувањето со електрична енергија прекина што се должи на штетата во дистрибутивната мрежа.