Силно невреме зафати некои делови на Србија и предизвика прилично голема штета.
По неколку тропски и топли денови, температурата во Србија благо опадна, а денеска кон крајот на денот се очекува невреме, додека некои делови од земјата веќе се зафатени со врнежи и грмежи.
Во Костолац кај Пожаревац наврна големо количество дожд, а ветерот беше толку силен што кршеше дрвја.
На социјалните мрежи се појавија снимки од невремето.
На „Инстаграм“ профилот „192_рс“ може да се забележи дека е причинета поголема материјална штета на џип на кој паднало дрво во Костолац.
View this post on Instagram
Голем град падна во Дрмно, кај Пожаревац. По градот почна силен дожд кој ги изненади сите учесници во сообраќајот, едвај се гледало низ шофершајбната колку силно врнело.
View this post on Instagram
Силно невреме имало и кај Велико Градиште, на влезот во Тополовник. Неколку дрвја биле „откорнати“ од ветерот и сообраќајот бил блокиран.
View this post on Instagram