Патниците на бродот за крстарење Spirit of Discovery ја опишаа состојбата на страв на бродот кога беше погоден од бура во Бискејскиот залив.
Околу 100 луѓе од вкупно 1.000 патници се повредени кога бродот за крстарење драматично се превртел за време на безбедносен маневар во саботата. Повеќето од патниците претрпеле полесни повреди, но петмина биле пренесени во болница откако бродот се закотвил во Портсмут, во понеделникот.
Некои патници рекле дека луѓето се плашеле за своите животи. Додека бродот бил безмилосно удиран 18 часа, некои очајни патници им пишувале на најблиските во случај да не стигнат дома, додека другите носеле елеци за спасување два дена последователно.
„Луѓето им пишуваа пораки на своите сакани во случај да не слеземе“, изјавил еден патник за Би-Би-Си.
Според него, капетанот бил физички исплашен, се слушало во неговиот глас.
„Екипажот плачеше, многу од патниците беа исплашени. Да се каже „мали повреди“ е навреда за многуте ужасни скршеници, карлица, раскинувања, шевови и слично, нанесени на многу старата патничка клиентела“, рече патникот.
Сведоците тврдат дека едно лице било пренесено од бродот со хеликоптер – додека осум амбулантни возила чекале на доковите во Портсмут Интернационал.
Бродот тргна на 14-дневно патување околу Канарските острови на 24 октомври со околу 1.000 луѓе на него.
Беше донесена одлука бродот рано да се врати во ОК поради влошување на времето, но во саботата бродот наиде на бура во Бискајскиот залив – каде што бродовите често наидуваат на немирно море.
Ова е местото каде што безбедносниот систем на бродот сопнал, поради што бродот нагло скршнал налево и ефективно запрел. Портпаролот на Сага рече дека повеќето повреди се случиле за време на ова ненадејно движење.
Бродот подоцна беше задржан на позиција додека не се подобрат временските услови.
75-годишната Јан Бендал, која била на крстарење со својот сопруг, изјавила дека биле во нивната кабина кога гласот на капетанот дошол преку системот за звучници и им рекол „да седат или да легнат“.
Таа рече дека откако бродот застанал, седел околу 18 часа додека бил „фатен среде бура“, при што таа и нејзиниот сопруг „се плашеле за своите животи“.
„Беше доста страшно. Јас не сум некој што лесно плаши… беше доста драматично“, рече таа.
Патникот Алан Гриздејл, кој ги снимал огромните бранови, рекол дека неговата сопруга се превртела и мебелот бил преместен во нивната кабина.
Друг патник изјави за Би-Би-Си дека летале масите, а брановите фрлаат луѓе наоколу.