Силен дожд кој на повеќето места траеше неколку часа, придружен од грмотевици, попладнево предизвика поплавени улици, гаражи, куќи и дворови во Тетово и околината.
Според РЦУК, посебно е погоден делот од градот кај касарната на влезот на Тетово, а поплавени се и неколку куќи во Мала Речица.
Во улицата спроти касарната поплавени се гаражи и дворови, а сопствениците поставуваат насипи и бариери за водата да не навлезе во домовите. Поради поплавените улици, отежнато се одвива и сообраќајот во овој дел од градот.
„ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово веќе интервенираат со соодветна механизација- багери, но исто така веќе и ТППЕ-Тетово е на терен и врши испумпување на водата од поплавените објекти“, се вели во соопштението од РЦУК.