Попладнево Македонија беше зафатена од силно локално време кое наместа беше проследено со обилни врнежи од град.
Охриѓани велат дека Охридското езеро е бело од врнежи од град, односно паѓал град со големина на орев.
Центарот за управување со кризи, апелира граѓаните да избегнуваат движење во и покрај суводолици и други стари корита.
Постои можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во делови од земјава. Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник ќе се намали метеоролошката нестбилност и ќе преовладува потопло време.