Невреме во Москва: Едно лице загина, 10 се хоспитализирани

by Fokus

Едно лице загина, а десет се повредени во невремето што ја зафати Москва, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

-Невреме со грмотевици ја зафаќа Москва веќе неколку дена. Денес ситуацијата е најтешка, ветерот достигнува удари од 25 метри во секунда. Десет лица со различен степен на повреди се хоспитализирани. Едно лице почина“, наведе Собјанин на Телеграм.

Тој изјави дека градските служби вложуваат напори да ги исчистат последиците од невремето и ги повика граѓаните да бидат внимателни, пренесува ТАСС.

Поврзани новости