Невреме во Хрватска, ветерот дувал со брзина над 153 километри на час

by fokus

Силно невреме синоќа и утрово погоди повеќе хрватски градови, при што е повредено и едно лице откако врз неговиот автомобил паднало дрво.

Во Далмација ветрот дуваал со брзина од 153 километри на час, а и денеска во некои делови во сила е жолт и портокалов аларм, а за Велебитскиот Канал поради бурата објавен е црвен метеоаларм.

Во Пула и во Умаг ветрот корнеше дрвја и носеше покриви, додека во Сплит пожарникарите го расчистуваат хаосот што го предизвика невремето.

И Загреб синоќа беше погоден од невремето, а пожарникарите интервенирале 34 пати.

Поврзани новости