559
Како што беше најавено, денеска заврши долгиот период на исклучително топло и стабилно време и во Србија и во Хрватска.
Студениот фронт во Хрватска утрово ги нападна западните региони, а попладне се прошири и на дел од Далмација.
Според податоците на хрватските медиуми, до 16 часот најмногу дожд наврнал во јужна Лика, јужен Велебит и крајниот север на Далмација.
Така во Личко Церје наврнале екстремни 176 литри на метар квадратен. Во внатрешноста на Хрватска температурите на воздухот се драстично намалени во однос на вчерашниот ден.
Во Хрватска денеска паднa снег на Платак, односно на врвот на Радешево. Снег падна и во Словенија каде ја побеле Кредарица која се наоѓа на 2.541 метар надморска височина.