Невреме и во Кривопаланечко, прекин на штрајкот во погодените региони

by Фокус

Невремето проследено со силен ветар и обилен дожд што попладнево го зафати кривопаланечкиот крај предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци и на магистералниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – граничен премин со Република Бугарија, Деве Баир.

-Невремето предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци, на новиот пат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски и на магистералниот пат А2 на неколку места, но навремената реакција на итните служби и јавните претпријатија од општината придонесоа за брза санација на штетите од невремето, кое беше со силен интензитет, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски кој беше дел од акцијата и активно учествуваше во расчистувањето и отстранување на настаните штети.

Во меѓувреме, се расчистува теренот по невремето во Делчево. Невремето кое вечерва го зафати Делчево предизвика голема штета на Градскиот пазар, урнат е дел од кровот на училиштето „Ванчо Прке“, повеќе улици се под вода и се непроодни, а дел од градот е сеуште без струја. Поради расчистување на штетите сообраќајот на магистралата А3 од градот кон Македонска Камнеица се одвива отежнато.

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ одржана по електронски пат, донесена е едногласна одлука за ставање во мирување на генералниот штрајк во регионите на општините Делчево, Виница и Демир Капија, кои попладнево беа погодени од невреме, заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од елементраната непогода.

Поврзани новости