528
Силно невреме со пороен дожд кој предивика поплави го зафати Халкидики. Најпогоден е вториот крак, а туристите и жителите се евакуираат.
По улиците течат реки вода кои на некои места достигнуваат и неколку метри. Оштетени се и повеќе возила на туристи кои биле носени од водата.
Во македонскиот конзулат функционира дежурен телефон 00306987200410, на кој може да се обратат македонски државјани во случај на потреба.