Големо невреме ја зафати Србија. Силниот ветер направи голема материјална штета во селото Пивнице.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа дека покривите од куќите се откорнати, целосно е искршено и уличното осветлување. Паднати се многу дрвја, а срушени се дури и бетонски ѕидови.
За среќа нема човечки жртви.
Од невремето беше зафатен и Белград. Силниот ветер од над 70 км на час и дождот направија хаос по улиците.
На автопатот Суботица-Нови Сад дрво падна на сред автопатот и го блокираше сообраќајот.
Хрватскиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување за поплави.
Поради големите бранови, траект утринава не можеше да влезе во сплитското пристаниште.
Најсилните налети на ветерот се во подрачјето на Сплит и изнесуваат околу 100 километри на час, а според предупредувањето можни се удари и до 120 километри на час.