Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,2 отсто, велат од Владата

by Fokus

Невработеноста во четвртото тримесечје од 2021 година е на најниско ниво во независната економска историја и изнесува 15,2 отсто, согласно податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот период во 2020 година е намалена за 5,6 проценти, односно 0,9 процентни поени, соопштија денеска од Влада.

Како што истакнаа оттаму, Владата продолжува со посветена работа за создавање услови и поддршка за натамошно намалување на невработеноста до крајот на годината.

– Согласно Планот за забрзан економски раст, со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3 отсто во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6  проценти, потенцираа од Влада.

Нагласија дека економските политики на Владата даваат резултати, просечната месечна нето плата во декември 2021 изнесува  29.943 денари.

– Постигнавме договор за историско највисоко ниво на минималната плата од 18.000 денари, а согласно статистика растот на нашата економија во 2021 година изнесува четири отсто, кој е близу до владината проекција од 4,1 процент.  Во услови на светска криза се грижиме и за зачувување на стандардот на пензионерите. Затоа го реализираме и најголемото покачување на пензиите, кои континуирано ќе растат со  новата методологија која е усвоена според швајцарски модел.  Така, пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, од септември натаму секој месец ќе имаат просечно 900 денари плус на својата сметка и тоа е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија, посочија од Влада.

Поврзани новости