Во првото тримесечје од 2017 година активното население во Република Македонија брои 952.644 лица од кои вработени се 734.043, а 218.601 лица се невработени.
Ова е според податоците на Државниот завод за статистика.
Од 218.601 невработени во Македонија, 6.319 се без завршено основно образование, 48.921 со основно, 13.786 се со 3 години средно, 102.094 со 4 години средно, 2.612 се со вишо, а 43.612 со високо образование.
Стапката на активност во овој период е 56.7, стапката на вработеност е 43.7, додека стапката на невработеност е 22.9.
Во земјава работоспособни се 1.679.462 луѓе.
За споредба, во последниот квартал лани 1.679.290 граѓани биле работоспособни, а во првиот квартал лани таа бројка била 1.678.411 луѓе.
Меѓу работоспособните луѓе во првото тромесечје од 2017 година најбројна е возрасната група од 25 до 49 години и во неа спаѓаат 777.271 луѓе.