Невообичаена акција на израелските специјалци: Војници маскирани како жени упаднаа во болница

by Fokus

Израелските вооружени сили маскирани во жени и медицински работници денеска упаднаа во болница на окупираниот Западен Брег.

Во нападот израелските специјални сили убиле тројца палестински милитанти.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили отвориле оган во одделението на болницата Ибн Сина во градот Џенин.

Министерството ја осуди рацијата и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз израелската армија да ги запре таквите операции во болниците.

Портпаролот на болницата рече дека нема размена на оган, што укажува дека станува збор за целно убиство.

Војската соопшти дека милитантите ја користеле болницата како скривалиште, без да дадат докази.

Поврзани новости