Фемицидот во Кочани да се преквалификува како убиство при вршење на родово-базирано насилство, бара Платформата за родова еднаквост.
Барањето невладината организација ќе го достави до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани и до Републичкото обвинителство.
Квалификувањето на убиството на жената во Кочани како убиство на свиреп начин покажува дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово-базираното насилство и фемицидот како негов најтежок облик, соопштија од Платформата.
-Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин, со што се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство, соопшти Платформата за родова еднаквост.
Преквалификување на делото во убиство при вршење на родово-базирано насилство претходно побараа и од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.