Слични структури кои беа против зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, се и против постигнување на договор со Бугарија, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Тој нагласи дека истото беше и со влезот во НАТО, кога одредени структури, невладини организации и некои политички партии, од разно разни причини директно се спротивставуваа на влезот на Северна Македонија во Алијансата и на Договорот со Грција.
– Нормално постојат и такви кој што работат на целосно кочење на постигнување на каков било договор со Бугарија. Затоа би оставил тоа службите да го одработат на соодветен начин заедно со сите оние кој што се вклучени во процесот. За нас е многу важно ние да имаме отворен дијалог и принципиелен дијалог со Република Бугарија, изјави Спасовски во вечерашното интервју на ТВ 21.