Случај со невидено семејно насилство денеска беше обелоденет во белградската населба Мириево. Ја вознемири цела Србија, но и регионот.
Како што дознава српски Курир, девојка (8 години), чиј татко со години ја држел заробена во када, била спасена во последен момент кога на крајот на минатата недела две полицајки упаднале во стан во станбена зграда.
Во бањата ја нашле едвај жива како лежи во када. Малена била толку изгладнета и дехидрирана што едвај давала знаци на живот.
На општо чудење и солзи на очевидци, снимен е повеќе од морбиден детаљ од станот на хоророт – на кадата каде ја држел во заробеништво, таткото ставил и заедничка фотографија од себе и ќерката.
Една од двете полицајки кои дошле да интервенираат ја носела во раце на нескриено чудење на соседите и очевидците кои мислеле дека носат бебе во розова јакна, бидејќи 8-годишното девојче било многу малечко, ненахрането и исцрпено.
Соседите за Курир.рс изјавиле дека не ни знаеле дека девојчето постои. Таткото Урош П.(37) со години ја држел како робинка.
Детето наводно ниту оди, ниту зборува, а случајот со неевидентирано семејно насилство врз детето е откриен случајно.
Жена дошла во просториите на полициската станица Палилула за да го пријави својот невенчан сопруг поради семејно насилство. Дошла со видливи повреди во пределот на носот и набиеници под двете очи, при што е направена комплетна фотографија, а по извршената изјава жената била упатена на преглед во Ургентниот центар.
Според првичните информации, жената изјавила дека нејзиниот невенчан сопруг ја удрил со глава во носот и дека се здобила со скршеница. Не ѝ било дозволено сама да оди во Ургентниот центар бидејќи се плашела за својот живот.
За се да биде пострашно, изјавила дека нејзиниот сопруг има и ќерка која со години ја чува заклучена во станот на Звездара.